Дома Фудбал Mилевски утре го објавува списокот за натпреварите со Украина и Ерменија

Mилевски утре го објавува списокот за натпреварите со Украина и Ерменија

Maкедонија во претстојниот репрезентативен циклус ја очекуваат два натпревари од кој еден ќе биде пријателски, а утре ќе биде објавен списокот на повикани фудбалери за овие натпревари.

Прво, 14. октомври во Прага ќе играме против Украина во рамките од квалификациите за Европското првенство, а три дена подоцна ќе се соочиме со Ерменија во пријателска средба.

Натпреварот против Ерменија поради реконструкцијата на тревникот на Националната арена ќе се игра во Струмица.

Од Фудбалската федерација информираа и дека исто така утре списокот на повикани фудбалери ќе го објави и селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Драган Канатларовски. Младинците во квалификациите на 10. октомври ги чека натпревар против Молдавија на гостински терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од европски трофеј до отказ: Арсенал ја смени Слегерс по историски лошата серија

Рене Слегерс заминува само десет месеци по потпишувањето договор до 2029 година. Арсенал е…