Дома Трансфер зона ПСЖ има план: Халанд на местото на Мбапе – Сити има зошто да стравува!

ПСЖ има план: Халанд на местото на Мбапе – Сити има зошто да стравува!

Сезонава Ерлинг Халанд игра во одлична форма во дресот на Манчестер Сити, меѓутоа сега се појавуваат шпекулации поради кои во Манчестер Сити можеби треба да бидат загрижени.

Француските медиуми шпекулираат дека ако клубот не успее да го задржи Килијан Мбапе, наредното лето ќе тргне по норвешкиот голгетер. Наводно, францускиот гигант веќе стапил во контакт со Рафаела Пинамента, агентката која се грижи за кариерата на Халанд.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Понудата не се открива, но се тврди дека финансиските услови биле многу подобри од неговите сегашни во Манчестер Сити.

Најголем страв за Манчестер Сити може да биде клазулата од 200 милиони евра за летото 2024 година која во 2025 ќе изнесува и 175 милиони евра што во денешниот фудбал не е неверојатно да се плати.

Ќе потсетиме, рекордот се уште го држи Нејмар со трансферот од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…