На прес-конференцијата денес ФК Вардар откри дека клубот нема добиено ниту денар од ветената помош од Град Скопје која беше и изгласната на Седница на Советот.
Одлуката е донесена без ниту еден глас против на седницата и потребно е истата да се спроведе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Град Скопје ја донесе одлуката за доделување на финансиска помош. Ние бараме истата да се спроведе. Не бараме ништо повеќе од она што му е веќе доделено на ФК Вардар. Таа помош на Вардар му е потребна во моментов.
Изгласани беа 500.000 евра на 27. јуни, но ништо се уште се нема донесено.
„Ние од тие 500.000 евра немаме добиено ни денар. Зошто и како отворено прашуваме. Ние немаме други средства за да го спасуваме Вардар во моментов. Тие ние се потребни. Ова јавно го кажувам сега. Политички игри околу Вардар не сакаме. Тргнете ги политичките мешетарења околу клубот. Вардар е на народот на Скопје на Македонија. Не сакаме некого да обвиниме, само прашуваме каде е пречеката“, изјави Миленкоски.