Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Вардар преговара за инвестиција вредна 18 милиони евра – државата треба да реагира!

ФК Вардар преговара за инвестиција вредна 18 милиони евра – државата треба да реагира!

На најавената прес-конференција луѓето во ФК Вардар денес зборуваа за ситуацијата во клубот, а открија и дека се преговара за инвестиција во вредност од 18 милиони евра во наредните десет години.

Името на компанијата и инвеститорот не се открива, а на оваа тема зборуваше претставникот на „Комити“, Милорад Миленкоски.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Клубот испрати апел до највисоката структура на државата да одговори на нивниот повик кога во прашање е странски инвеститор.

„Како се однесува оваа држава кон клуб во кој странски инвеститор сака да вложи 18 милиони евра? Се работи за инвестиција, која што е сеуште во преговори, а истата вели дека првично ќе биде покриен долгот од три милиони евра. Институциите мора да ни одговорат колку е првично долгот. Значи долгот првично не е познат.

Кога во друга свера бил најавен странски инвеститор државата била подготвена да помогне, односно да му даде поволности на истиот. УЈП, Владата на Република Македонија до ден денес не не удостоиле со одговор. Ние повторно велиме дека и во „пет до дванаесет“ колку што е чукнат часот з ФК Вардар не е доцна да се помогне“.

Има договор со ПУИГ долгот од 200.000 евра кон нив да се плаќа на рати во следните пет години.

Деновиве имавме разговори со претпријатието за стамбен и деловен простор и се дадоа конкретни предлози. Долгот кон претпријатието на Вардар е околу 200.000 евра и истиот е договорено да се плаќа на рати“, изјави Миленкоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…