Челзи е во потрага по нов лев бек и на листата желби се играчите на милнските гиганти, Тео Хернандес и Ди Марко.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па е прва желба на „сините“.
Милан пред неколку сезони го купи за 20 милиони евра, а Челзи сега е спремен да понуди 60 милиони евра плус бонуси.
Доколку не успее да го ангажира Тео Хернандес, Челзи ќе се насочи кон Ди Марко, кој игра фантастично во дресот на Интер.
Меѓутоа, трансферите ќе бидат тешки за реализација, бидејќи миланските гиганти не сакаат да се разделат од своите ѕвезди.