Tимот на Жирона е вистински хит во Шпанија затоа што по седум кола тие се лидери во Ла Лига со 19 освоени бодови.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Вчера славеа против Виљареал на гости со 2:1 и по седмото коло имаат бод повеќе од второпласираниот Реал Мадрид. Веќе во сабота Жирона ја очекува натпревар против „кралевите“.
Пред дуелот на овие две екипи, тренерот на Жирона, Мичел истакна дека ужива во овие моменти со својот тим.
„Секако дека е убаво да се биде на врвот. Горд сум на клубот и моите играчи Кога во прашање е Реал за викендот, можам да кажам само дека сумата која ја платија за Белингам е нашиот буџет за две години“, изјави Мичел.