Дома Фудбал Италија Руди Гарсија за првпат се огласи за ситуацијата со Осимен

Руди Гарсија за првпат се огласи за ситуацијата со Осимен

Изминатите денови во центарот на вниманието беше ситуацијата со Виктор Осимен и Наполи.

Осимен беше лут поради видеото кое клубот го објави, а во кое се исмејува за промашениот пенал против Болоња, па најави и тужба.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Руди Гарсија, сега за првпат зборуваше за таа ситуација по вчерашниот триумф од 4:1 против Удинезе.

„Од кога сум тука со Осимен имам одличен однос. Мило ми е што постигна гол, иако во последните неколку кола немаше среќа. Го замолив да се фокусира на играта. Пеналот го шутираше Зелински затоа што така се договорија, Виктор дозволи. Никогаш не би сменил изведувач на пенали затоа што промашил.

Во последните два дена имаше проблеми поради невнимание. Никој никого не сакаше да навреди, ниту клубот со видеото ниту самиот играч кој ги избриша сите фотографии. Тоа се инстиктивни реакции“, изјави Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…