Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ се договорил, се враќа во Милан

Ибрахимовиќ се договорил, се враќа во Милан

Според последните информации од Италија, Златан Ибрахимовиќ прифатил да се врати во Милан и да добие нова улога во гигантот од Милано.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Швеѓанецот имал средба со првиот човек на клубот, Гери Кардинале и постигнале договор за новата позиција на поранешниот напаѓач.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Засега не е објавено каква улога конкретно ќе има Ибрахимовиќ, меѓутоа се најавува дека сигурно ќе биде тесно поврзан со тренерот Пиоли. Претходно се шпекулираше и дека може да биде негов помошник.

По дебаклот против Интер, Ибрахимовиќ на 18. септември беше во посета на тренингот на Милан, сакајќи да го мотивира тимот пред натпреварот во Лигата на шампионите против Њукасл кој заврши без победник 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Евертон со играч помалку го совлада Манчестер Јунајтед. Погледнете го прекрасниот гол за победа

ЕВЕРТОН го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 на Олд Трафорд во завршната средба од 12-то ко…