Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена која неодамна беше во Скопје да ја промовира работата на нивната фондација даде емотивна изјава за најтешките моменти од кариерата на Ѓоковиоќ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според нејзините зборови, Ѓоковиќ во 2018 година бил на прагот да ја прекине кариерата, а таа му помогнала да се избори и да продолжи.
На Мастерсот во Мајами таа години, Ѓоковиќ лесно загуби од Беноа Пер и тој пораз многу тешко му паднал на Ѓоковиќ. Во тој период Новак и се разделил со тренерот Андре Агаси.
По тој меч, Новак сакаше да престане со играње тенис. Ги собра членовите на својот тим и им рече: Знаете што? Готов сум! Престанувам! А, ние плачевме, му велевме дека не може да го прави тоа, дека не е вистинско време. Тој тогаш не сакаше да игра тенис, не сакаше ни да види топчето како поминува покрај него.
Јас го сакам тенисот, децата ги водам на терен секој ден, а третиот ден дојде и Новак. Виде дека се забавуваме и ме праша може ли да игра со нас. Го одбив, почнав да го задевам, му реков нели се откажа, дека нам ни е ред да играме. На крај тој поигра и рече дека се чувствува добро. Веднаш потоа му се јави на тренерот Марјан Вајда и продолжи со тренинзите“, раскажа Јелена.
Од тој момент Ѓоковиќ полека почна да се враќа во форма и денес доминира и игра како во најдобрите денови, многумина ќе кажат подобро и од било кога претходно.