Дома Фудбал Меси јавно го прозва ПСЖ: Јас сум единствениот Аргентинец на кој клубот не му оддаде признание по Светското првенство

Меси јавно го прозва ПСЖ: Јас сум единствениот Аргентинец на кој клубот не му оддаде признание по Светското првенство

Според многумина, најдобриот фудбалер на сите времиња Лео Меси (36) летово избра кариерата да ја продолжи во Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам кој се натпреварува во американската МЛС.

Меси одбил финансиски подобра понуда од Саудиска Арабија и, како што самиот објасни, одлуката ја донел пред се поради семејството.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јужна Флорида е културно многу блиску до Латинска Америка, па семејството ќе се чувствува како дома, а исто така истакна дека му се допаѓа тоа што во САД има нешто помалку медиумски интерес за фудбалот. Откако пристигна во Интер Мајами, тој го препороди тимот и постигна 11 гола на 12 настапи.

Тој во интервју за аргентинските медиуми се осврна на освоената титула светски првак минатата година. Тој вели дека ПСЖ на ниту еден начин не му даде признание дека го освоил најголемиот трофеј.

Јас бев единствениот играч кој не доби клупско признание во споредба со моите 25 соиграчи“, изјави капитенот на Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…