Дома Кошарка Србинот Марјановиќ и следната сезона ќе игра во НБА

Србинот Марјановиќ и следната сезона ќе игра во НБА

Србинот, Бобан Марјановиќ потпиша едногодишен договор со Хјустон и ќе продолжи да настапува за оваа франшиза.

Минатата година, Бобан беше дел од овој тим, а сега може да заработи скоро три милиони долари, а при потписот на договорот му се загарантирани 1.3 милиони долари.

Договорот на Марјановиќ со Хјустон истече на крајот од минатата сезона, меѓутоа сега се договори за нова едногодишна соработка.

Во текот на летото се шпекулираше дека Марјановиќ може да се врати во Европа, но тој одлучи да продолжи во НБА. На „Стариот континент“, Марјановиќ играше за Хемофарм, ЦСКА, Мега и Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Навивачка пресметка пред „Јане Сандански“: еден повреден, еден приведен

Судир меѓу навивачи на МЗТ Скопје и Работнички заврши со болничко згрижување на едно лице …