Дома Фудбал Репрезентации Имобиле: Ќе биде тешко на ваков терен со дупки

Имобиле: Ќе биде тешко на ваков терен со дупки

Новиот капитен на Италија, Чиро Имобиле денес присуствуваше на пресконференцијата пред мечот со Македонија.

Имобиле покажа респект кон нашата репрезентација, но упати сериозни критики за теренот на Националната Арена „Тодор Проески“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„На ваков терен ќе биде уште потешко, има недостатоци и дупки. Македонија и онака може да биде тежок противник, свесни сме за тоа“, изјави Имобиле.

„Со Македонија се соочивме во еден деликатен момент, пред две години. Тогаш горевме од желба да победиме, притисокот беше голем. Можеби и тоа имаше улога за крајниот резултат. Македонија е селекција составена од играчи кои играат во силни тимови. Би го издвоил Елмас како еден од најдобрите македонски фудбалери“, додаде Имобиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ѓоковиќ мисли и на бизнис: Инвестираше пет милиони евра во здрави грицки!

Додека многу спортски ѕвезди се насочуваат кон ресторани или модни линии, Новак Ѓоковиќ, н…