ПСЖ и Килијан Мбапе постигнале „џентлменски договор“ со кој напаѓачот беше вратен во тимот на „светците“, открива еминентнот „Екип“.
Мбапе долго време тренираше сам како казна за тоа што одби да ја продолжи соработката со „светците“ до јуни 2025 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот двете страни постигнале договор според кој францускиот репрезентативец наместо 100 милиони евра кои требал да ги добие како бонус за верност во следната година ќе инкасира сума меѓу 60 и 80 милиони.
Според „Екип“ на средбите е договорено бонусот од 100 милиони да се намали, а Мбапе да се врати во екипата.
Мбапе не се предомислил и останува на истиот став, да ја одработи последната година од договорот и потоа како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид.
🚨 Kylian Mbappé has agreed to waive more than €100M in loyalty bonuses at PSG so he can return to the team, however, he will NOT be extending his contract.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 5, 2023
(Source: @lequipe) pic.twitter.com/OdQi4ynGuM