Филип Деспотовски пред мечот со Црна Гора истакна дека ќе се потрудат да обезбедат втора победа на Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Деспотовски знае дека влогот е голем, а победа ќе значи пласман во следната фаза, но Македонија мора внимателно да и пристапи на Црна Гора.
„Мислам дека Црна Гора не е моќен противник колку Данска, но ние не смееме да се опуштиме. Имавме одлична тактика за Данска, а сега треба истото да го направиме и со Црна Гора“, вели Деспотовски.
„Искрено, добро се познаваме со Црногорците. Со голем дел од нив сме и добри пријатели. Еве за мене лично, одличен пријател сум со Блажо Милиќ, нивниот среден блокер. Разговаравме деновиве по нашата средба со Данска, односно нивната со Холандија и тој и неговите соиграчи не кријат дека ние сме на хартија подобри од нив, но јасно ни најавија дека ќе се борат до крај за победа. Тоа не мотивира и нас, да покажеме дека не случајно имаме аспирации за осминафинале“, додаде Деспотовски.