Дома Топ вести Ливерпул спремен да прифати 150 милиони за Салах

Ливерпул спремен да прифати 150 милиони за Салах

Мохамед Салах ја прифатил понудата на Ал-Итихад и му соопштил на раководството на Ливерпул дека сака да се пресели во Саудиска Арабија.

Саудискиот тим нуди неверојатни 150 милиони евра за Египќанецот, па Ливерпул сериозно размислува за понудата.

Тоа е навистина примамлива финансиска понуда за англискиот премиерлигаш кој оваа сезона нема да игра во Лигата на шампионите.

Ливерпул досега инсистираше на тоа дека Салах не е на продажба, но богатата понуда може да ги предомисли сите во клубот.

„Црвените“ веќе ја пронајдоа замената и доколку Салах замине ќе испратат понуда до Жоао Феликс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…