Дома Фудбал Му напишал казна за паркинг, видел дека тоа е автомобилот на Гвардиола, а потоа следуваше вистинско шоу

Му напишал казна за паркинг, видел дека тоа е автомобилот на Гвардиола, а потоа следуваше вистинско шоу

Пеп Гвардиола минатата сезона му ја донесе тројната круна на Манчестер Сити.

Сепак, тоа на Гвардиола не му носи никакви привилегии во градот во кој живее, а тоа најдобро го покажа урнебесното видео кое се појави на Твитер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Гвардиола доминираше со Манчестер Сити во речиси секое натпреварување во кое клубот настапуваше минатата сезона.

Но, она што најмногу се издвојува е трофејот во Лигата на шампионите, кој клубот од „Етихад“ успеа да го освои за прв пат во својата историја.

Сепак, и покрај сиот успех што му го донесе на Манчестер Сити, јасно е дека Гвардиола нема посебен статус во градот во кој живее како што мислеа многумина.

Тоа најдобро го покажа видеото кое се појави на социјалните мрежи и е снимено вчера на улица во Манчестер.

По тренингот, Гвардиола отишол во градот за да заврши неколку работи, но го паркирал својот автомобил на недозволено место.

Сообраќајниот полицаец на Гвардиола му напишал казна за непрописно паркирање, но кога видел чиј е автомобилот останал без зборови.

Тој се обидуваше да му објасни на Гвардиола дека не смее да паркира во таа зона, а само една минута подоцна побара од тренерот на Манчестер Сити да се фотографира, но одговорот на шпанскиот стручњак стана хит на интернет.

“Сакате фотографија? Тогаш треба да платите за таа фотографија”, се пошегувал Гвардиола додека ја земал казната.

Гвардиола подоцна се согласил на фотографијата, а потоа рекол дека веднаш ќе ја плати казната што ја добил и дека повеќе нема да направи таков прекршок во таа зона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни има порака до Грилиш:Закажи си летување бидејќи на СП сигурно нема да одиш!

Поранешниот фудбалер на англиската репрезентација и легенда на Манчестер Јунајтед, Вејн Ру…