Дома Фудбал Англија Официјално: Манчестер Јунајтед го раскина договорот со Гринвуд

Официјално: Манчестер Јунајтед го раскина договорот со Гринвуд

Mejсон Гринвуд повеќе не е фудбалер на Манчестер Јунајтед, потврди клубот од Олд Трафорд.

Иако се тврдеше дека Јунајтед почнале со планот да го вратат Гринвуд, кој во 2022 беше уапсен и обвинет за силување и насилничко однесување, сепак од тоа нема ништо.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Јунајтед се одличи за раскинување на соработката, иако Гринвуд беше одлободен од обвинувањата.

„Врз основа на доказите кои ни беа достапни заклучивме дека материјалот што беше објавен на интернет не ја дава целосната слика и дека Мејсон не ги направил прекршоците за кои беше обвинет, иако Мејсон признава дека направил грешки и дека ја презема одговорноста за нив. Сите инволвирани, како и Мејсон, ја прифаќаат тешкотијата да продолжи во Манчестер јунајтед и затоа меѓусебно е договорено дека најдобро е да тргнеме по различни патеки“, објави Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Нов неуспех на Интер: Дали ја губи титулата?

По елиминацијата од Купот, Интер сега се соочува со можност за губење на борбата за шампио…