Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд игра одлично во Франција каде што сезонава пристигна во дресот на Марсеј.
Гринвуд после одличната сезона во Гетафе беше мета на многу европски клубови, но на крајот Марсеј ја доби битката за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гринвуд со Марсеј има договор до 2029 година, но неколку европски гиганти внимателно го следат.
Тој покажа дека е еден од најголемите европски таленти, а проблемите се веќе зад него, па многу европски гиганти покажуваат интерес за него.
Медиумите пренесуваат дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Барселона и ПСЖ.