Дома Фудбал Останато Сагата се чини го гледа крајот: Никој не го сака, дури ни капитенот, дали Кавани е на излезни врати од ПСЖ?! (Фото)

Сагата се чини го гледа крајот: Никој не го сака, дури ни капитенот, дали Кавани е на излезни врати од ПСЖ?! (Фото)

Никој не помисли дека ќе се случи ова по неверојатниот трансфер на Нејмар во ПСЖ.

Се започна на дуелот против Лион, Нејмар и Едисон Кавани влегоа во кратка вербална расправија околу изведувањето на пеналот, а на крајот честа му припадна на Кавани.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Се продолжи и надвор од теренот, медиумите пишуваа за нивната расправија , Нејмар повеќе не го следеше Кавани на Инстаграм, како што се наведува тој побарал од управата Уругваецот да биде продаде имајќи ја предвид ситуацијата со финансискиот фер плеј, но тука не е крајот.

Тијаго Силва, капитенот на ПСЖ, на 22. септември наполни 33 години, славеше роденден, а скоро сите фудбалери од клубот присуствуваа, освен тројца.

Еден од нив е и Едисон Кавани, радиото „РМЦ“ во Франција пренесе дека овој фудбалер не бил ниту повикан на журката.

Покрај него, не присуствуваа ниту Куразва и Дракслер.

Би се рекло дека кланови во ПСЖ дефинитивно постојат и дека Кавани наскоро ќе биде продаден, за управата да се ослободи од таквите кланови.

Дури и овие информации да не се точни, прашање е како Кавани го издржува медиумскиот притисок од сите страни, па сигурно најдобро решение е негово заминување од клубот.

Погледнете ја во продолжение фотографијата од роденденската забава на Силва.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Славјето во Неапол донесе и огромен хаос: 98 повредени, 10 грабежи, искршени автомобили…

Наполи синоќа го освои Скудетото и стана шампион на Италија, предизвикувајќи еуфорија на у…