Дома Фудбал ВИДЕО Меси постигна уште еден маестрален гол од 25 метри. Го одведе Интер до финалето

ВИДЕО Меси постигна уште еден маестрален гол од 25 метри. Го одведе Интер до финалето

Интер Мајами ја победи Филаделфија Унион со 4:1 во полуфиналето на Лига купот и се пласираше во финалето на тоа натпреварување, каде ќе игра против Нешвил, кој беше подобар од мексикански Монтереј.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер го реши натпреварот во првото полувреме, до 20 минута водеше со 2:0 со головите на Мартинез и Меси, а потоа погоди и Жорди Алба за 3:0. Бедој погоди за Унион, а победата на Интер ја потврди Руиз во 84 минута..

Првото име на натпреварот повторно беше Лионел Меси, кој постигна фантастичен гол во 20. минута, веќе деветти во шестиот натпревар за новиот клуб.

Меси ја прими топката на 40 метри од голот, се ослободи од еден играч и потоа со ретко виден удар од 25 метри го совлада голманот за 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драматична сцена на прес-конференцијата на Брахим Дијаз: Се степаа новинари за место! (Видео)

Прес-конференцијата на репрезентацијата на Мароко, која требаше да биде обична презентациј…