Дома Фудбал Голем удар за Манчестер Сити: Познато колку Де Брујне ќе биде надвор од теренот

Голем удар за Манчестер Сити: Познато колку Де Брујне ќе биде надвор од теренот

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне ќе пропушти неколку недели поради повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Де Брујне ба гостувањето кај Барнли мораше да го напушти натпреварот во 22. минута пред да биде заменет со Матео Ковачиќ, а Пеп Гвардиола откри што се случило:

„За жал, тој беше повреден. Ми кажа дека е истиот проблем како во финалето на Лигата на шампионите. Се опорави, но сега го изгубивме некое време.

Треба да почекаме малку, да видиме што понатаму со лекарите и физиотерапевтите. Мора да се опушти, да се опорави и да се врати. Се чувствуваше многу добро“, рече Гвардиола во изјавата за Скај Спорт.

Де Брујне летово не мораше да оди на операција, но затоа интензивно одмараше пред да се пријави за стартот на подготовките.

Како што сега стојат работите, тој речиси сигурно ќе го пропушти натпреварот од Суперкупот на Европа со Севиља во среда, како и натпреварите од Премиер лигата против Њукасл, Шефилд Јунајтед и Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Египет беше ограбен среде бел ден, срамота е ова!

Тренерот на Реал од Мадрид, Жозе Мурињо, како стручен консултант, остро ја критикуваше суд…