Сапуницата наречена Kилијан Мбапе продолжува.
Иако Мбапе до сега тврдеше дека нема ниту еден процент шанси да го продолжи договорот со ПСЖ, сега тоа се променува.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ПСЖ синоќа го одигра првиот натпревар во новата сезона, а противник беше Лориен. Дебито на Луис Енрике не беше најдобро, но во ВИП ложата имаше специјален гостин, Килијан Мбапе.
Тој седеше до својот добар пријател Усман Дембеле кој неодамна потпиша за тимот од Париз.
Иако се уште нема потпишано ништо, ПСЖ дојде со нова понуда за Мбапе, која Французинот изгледа ја прифаќа.
Мбапе сака да помине уште една година во Париз, а потоа е подготвен јавно да објави дека сака да го напушти клубот.
Во ПСЖ не саакаат да го дозволат својот најдобар играч да си замине бесплатно.
Така на Мбапе му беше понуден нов договор кој вклучува откупна клаузула следното лето, и сега повторно се е до Мбапе.
ПСЖ синоќа беше и без Нејмар, како и без Верати кој до крајот на преодниот рок ќе си замине од Париз.
Исто така, клубот летово го напуштија и Лео Меси и Серхио Рамос.