Давид де Геа до вчера беше прв кандидат за нов голман на Реал Мадрид по повредата на Тибо Куртоа, но се чини дека шпанскиот голман падна во втор план.
Раководството на Реал Мадрид преговара со неколку имиња, а новинари блиски до Кралевите наведуваат дека нов голман ќе биде Мароканецот Јасин Боно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По веста за тешката повреда на Тибо Куртоа, Реал Мадрид итно почна да бара нова ’единица’, а како прв фаворит вчера се истакна името на шпанскиот голман Давиде де Геа.
Двете страни наводно покажале интерес за соработка, но очигледно не бил постигнат договор, па Кралевите се свртеле кон други опции.
Сега главен фаворит за „единицата“ на Кралевите е мароканскиот голман Јасин Боно (32). Преговорите со него се во тек и ќе видиме како се ќе заврши.
Покрај одличниот Мароканец, со Реал се поврзуваат и Кепа Аризабалага и Доминик Ливаковиќ, но тешко е за верување дека ќе завршат на „Сантијаго Бернабеу“.