Дома Фудбал Останато Сведок на хоророт: Бев на кафе, а сопственикот ни викна – заминувајте!

Сведок на хоророт: Бев на кафе, а сопственикот ни викна – заминувајте!

Навивачите на Динамо и АЕК имаа жестока пресметка во Атина пред вечерашниот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Грчката полиција потврди дека 22-годишен навивач на АЕК го загубил животот, но голем е бројот на повредени и уапсени. Последните информации се дека биле уапсени 96 лица, од нив дури 82 биле навивачи на Динамо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега за грчките медиуми зборуваше сведок на инцидентот.

„Бев на кафе со тројца пријатели кога дојдоа некои луѓе, а сопственикот ни кажа дека сакаат да прават проблеми. Само ни викна: Заминувајте, ќе го затвориме локалот, ризикот е преголем“.

„Одејќи до автомобилот видов како неколку луѓе ни се приближуваат, држеа палки и уште некои други работи. Сфатив дека нема да стигнам до автомобилот, па се свртев и си заминав. Го скршија предното и задното стакло, нас не не удрија, но слушнав дека други настрадале. Во локалот беа и повеќе луѓе“, раскажал неименуван Грк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…