Навивач на АЕК (22) загинал по судир со навивачите на Динамо Загреб во Атина, јавуваат грчките медиуми Газета и Спорт24.
Да потсетиме, и покрај забраната за присуство на гостински навивачи на натпреварите од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите меѓу актуелниот хрватски шампион Динамо и грчкиот АЕК, дел од навивачите на загрепскиот клуб отпатуваа за Атина, каде Првиот натпревар се игра денеска од 20:45 часот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Газета пишува дека навивачот починал откако бил прободен со остар предмет.
Грчките медиуми јавуваат дека брзата помош го префрлила младиот човек во болница, каде лекарите се бореле да му го спасат животот.
Тој беше придружуван од неколку повредени навивачи, додека шестмина од нив беа „во очај, се држеа за лицата и постојано разговараа на телефон“, чекајќи да видат што ќе се случи со членот на нивната група, наведува Газета.
Меѓу повредените има и Грци и Хрвати, истакнува Газета, наведувајќи дека повеќе од 150 хрватски навивачи дошле во Атина.
08.08.2023, Street fight, AEK Athens🇬🇷 (from left) vs BBB (Dinamo Zagreb, right🇭🇷) https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/TINYrMUYDP
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023