Најголемата ѕвезда на Словенија, Лука Дончиќ поради повреда предвреме го заврши пријателскиот натпревар со Германија кој Словенците го загубија со 88:77.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Повредата на Дончиќ ги загрижи сите во Словенија кои со нетрпение го очекуваат настапот на репрезентацијата на Мундобаскетот. Дончиќ беше во дуел со Јоргос Папајанис и во еден момент се фати за ногата и го напушти теренот.
По тој момент Дончиќ повеќе не се врати. Во таборот на Словенија стравуваа дека можеби ќе бидат без првата ѕвезда на Мундобаскетот, но набрзо стигна известување дека тренерот на Словенија го заменил Дончиќ превентивно и тој ќе продолжи нормално со тренинзите.
Luka Doncic limping off after the contact 😕pic.twitter.com/FveXYJokOt
— BasketNews (@BasketNews_com) August 4, 2023