Јувентус во летниот преоден рок досега донесе само еден играч. Сега челниците на Старата дама работат на уште едно засилување, а желба е играч на Реал Мадрид.
Единствениот трансфер на Јувентус во овој преоден рок е Тимоти Веа, кој пристигна од Лил за 12 милиони евра.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Сега Јувентус се насочува кон ново засилување, а желба е фудбалер од Реал Мадрид.
Според странските медиуми, Јувентус сака да ја обнови одбраната, а прв на листата на желби е Лукас Васкез. Дефанзивецот важи за идеална замена за Хуан Куадрадо, кој реши да замине во Интер.
Имено, шпанскиот фудбалер е високо ценет од челниците на Старата дама, кои би упатиле официјална понуда да го доведат Васкез во Торино.
Ќе видиме на крајот што ќе излезе од тоа, но многу е можно трансферот да се реализира во наредните денови.