Дома Трансфер зона Ништо од Саудиска Арабија: Рамос прави уште еден спектакуларен трансфер

Ништо од Саудиска Арабија: Рамос прави уште еден спектакуларен трансфер

По истекот на договорот од ПСЖ си замина и Серхио Рамос. Се споменуваше дека кариерата би можел да ја продолжи во Саудиска Арабија, но сега работите се сосема поинакви.

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос последните две сезони ги мина во ПСЖ каде како слободен играч пристигна од Реал Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој пристигна во летото 2021 година, истата година кога Лионел Меси пристигна во Париз и тогаш двајцата лути ривали станаа соиграчи.

Дотогаш за многумина беше незамисливо да ги видат Меси и Рамос во ист дрес, а сега, две години подоцна, може повторно да бидеме сведоци.

Според шпанскиот весник „Спорт“, двете страни се многу блиску до договор и Серхио Рамос ќе потпише едногодишен договор со Интер од Мајами.

Во Интер, Серхио Рамос повторно би играл со Жорди Алба и Серхио Бускетс, со кои со години ја делеше соблекувалната во шпанската репрезентација, но и со Лионел Меси, со кој беше соиграч во претходните две сезони во ПСЖ.

Финализирањето на работата се очекува во наредните денови и Интер Мајами ќе стане вистинска атракција во МЛС со сите ѕвезди кои ги донесе ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Без  изненадувања  во Аглија,  Манлестер Сити е шампион🎥

Манчестер Сити не дозволи изненадување  и во последото коло го победи Вест Хем со 3:1за од…