Дома Видео ВИДЕО Застрашувачки момент во директен пренос. Репортерот изгуби свест и падна

ВИДЕО Застрашувачки момент во директен пренос. Репортерот изгуби свест и падна

ШАКА ХИСЛОП, поранешниот голман на репрезентацијата на Тринидад и Тобаго, а сега репортер на ЕСПН, се онесвести при најавата за натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Милан на сред директен пренос.

Хислоп, најавувајќи ја средбата во Пасадена, прво почнал да губи рамнотежа, а потоа поради губење на свеста паднал врз колегата Ден Томас.

ESPN подоцна објави дека Хислоп бил свесен и комуницирал. Испратен е на медицински тестови.

Натпреварот помеѓу Реал и Милан заврши со победа на шпанскиот тим со 3:2.

Милан водеше на полувремето со головите на Фикајо Томори во 25. минута и Лука Ромеро во 42. минута.

Пресвртот дојде во продолжението. Двоен стрелец беше Федерико Валверде во 57. и 59. минута, а Винисиус во 84. на одличното додавање на Лука Модриќ му донесе победа на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Интер му ја даде најубавата ноќ во кариерата, а сега му доаѓа во Мадрид: Мурињо ги исклучи емоциите!

Ждрепката за Лигата на шампиони се погрижи за еден од најемотивните натпревари во кариерат…