Холандскиот гигант Ајакс ја има една од најдобрите фудбалски школи во Европа и е вистинско легло за таленти, а сега за играч од овој тим се заинтересирани Арсенал и Челзи.
Веќе е познато дека Челзи е заинтересиран за Мохамед Кудус, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Арсенал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За да го доведе 22-годишниот Ганец од Ајакс, Арсенал е на прагот да се откаже од уште шест играчи во овој летен преоден рок.
Иако Арсенал би бил спремен да пушти шест играчи за да заработи 40 милиони евра за овој трансфер, сепак предност има Челзи.
Имено, покрај парите, Челзи во Амстердам би го вратил и Хаким Зијех, мароканскиот фудбалер кој во Ајакс ги одигра најдобрите партии во кариерата.
Останува да видиме дали репрезентативецот на Гана летово ќе се пресели во Премиер лигата, а да напоменеме дека интерес за него покажа и Брајтон, но тешко дека ќе се случи таков трансфер.