Дома Фудбал „И што сега? Кој ќе му го врати животот на овој човек, кариерата? Кој ќе одговара за се?“

„И што сега? Кој ќе му го врати животот на овој човек, кариерата? Кој ќе одговара за се?“

Бенџамин Менди (28) беше ослободен од обвиненијата за силување.

Две години францускиот фудбалер минуваше низ апсолутен хаос и многумина однапред го осудија.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сепак, денеска тој беше прогласен за невин и е слободен човек, а за неправдата кон Менди се огласи и холандскиот фудбалер Мемфис Депај, кој се прашува кој сега ќе го врати во живот ова момче.

Бенџамин Менди помина низ пекол во последните две години. Тој беше обвинет за бројни силувања и обиди за силување, но англискиот суд одлучи дека е невин по десет точки.

Менди од денес е потполно слободен човек. Сепак, никој не може да му ги врати претходните две години, месеците поминати зад решетки и валканото име и уништената фудбалска кариера.

Откако беше ослободен францускиот фудбалер, реши да проговори холандскиот фудбалер Мемфис Депај, кој со право се прашува кој сега ќе застане на страната на Бенжамин Менди.

„Сите обвиненија се отфрлени и што ќе правиме сега? Кој ќе му помогне на овој брат да си ги залечи раните? Кој ќе одговара за штетата и клеветата? Кој ќе му ја врати кариерата?“, пишува Депај и продолжува:

„Потребни се многу години за да станеш професионалец и што сега? Никогаш не сакав да ја допрам оваа тема бидејќи не ги знаев сите детали, но еднаш разговарав со него кога тој беше зад решетки а играв против него. Не видов зло во очите на овој човек“.

“Не можеме да дозволиме вакви работи да ни се случуваат на нас спортистите. Кој ќе застане покрај нас кога ни треба и кога штетата е веќе направена? Момци, не вртете ја главата”, е пораката на Мемфис Депај.

Менди е надвор од фудбалот веќе две години и прашање е дали ќе ја продолжи кариерата по се што се случи.

За неколку дена ќе го прослави својот 29-ти роденден и сигурно се уште има квалитет бидејќи изминативе шест години залудно не го носеше дресот на Манчестер Сити. Овој француски фудбалер настапуваше и за Монако, Марсеј и Авр.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…