Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Бенфика

Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Бенфика

Манчестер Јунајтед покажува силен интерес за младиот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ се во потрага по квалитетен дефанзивец, па откако ја изгубија битката за Ким од Наполи, сега се насочуваат кон Антонио Силва.

Станува збор за 19-годишен централент дефанзивец, кој одигра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Медиумите на Островот тврдат дека Манчестер Јунајтед веќе почнал преговори со неговиот агент, но Бенфика сигурно нема лесно да се откаже од него.

Силва има договор до 2027 година и Бенфика нема да му дозволи да замине за сума помала од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…