Пол Погба би можел да биде следната ѕвезда која кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Французинот минатата сезона одигра само 161 минута од враќањето во Јувентус. Погба настапи само на осум натпревари поради големите проблеми со повреди со кои се соочуваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега медиумите шпекулираат дека Французинот добил „непристојна“ понуда од Саудиска Арабија.
Информациите говорат дека Ал Итихад кој претхдоно ги доведе сонародниците на Погба, Бензема и Канте му нуди договор од 100 милиони евра по сезона. Сепак, Италијанците тврдат дека Погба сака да остане во Јувентус иу чувствува дека треба да му се одолжи на клубот откако ја пропушти скоро цела сезона.
Погба има 30 години, а во текот на кариерата играше само Манчестер Јунајтед и Јувентус. Дресот на француската репрезентација го носеше на 91 натпревар.