Митров Алекс и Јованов Христијан се дел од низата таленти кои потпишаа за Беласица ова лето.
Митров Алекс (2005) од денес е нов напаѓач на струмичкиот клуб. Алекс е стандарден репрезентативец во у18 селекцијата на Македонија, а доаѓа од швајцарски Бреитенрен. Алекс во својата кариера ги има минато и младинските категории на славниот Јанг Бојс.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Јованов Христијан е 2005 годиште и е уште еден надежен талент, кој доаѓа од ФК Брера, а игра на позицијата стопер.
Коментари