Најскапиот дефанзивец на светот Хари Мегваер (30) дефинитивно е роден под среќна ѕвезда.
Доказ за тоа е фактот што од првиот ден на јули неговата плата во Манчестер Јунајтед е зголемена без да направи ништо добро за клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Причината е пласманот во Лигата на шампионите.
Во 2019 година Хари Мегваер пристигна на „Олд Трафорд“ од Лестер во трансфер вреден 87 милиони евра. „Црвените ѓаволи“ сметаа дека оваа бројка е оправдана за дефанзивец кој одигра доста добро меѓу „Лисиците“, но се покажа дека е направена голема грешка.
Мегваер доживеа бројни понижувања во изминатите четири години во Театарот на соништата. Луѓето ширум светот го исмејуваа поради неговите катастрофални потези и грешки, но тој доби покачување на платата од првиот ден на јули.
Апсолутно никој во клубот од Манчестер не можеше да влијае на тоа. Мегваер во договорот има дека платата ќе му се зголеми за одреден процент доколку клубот се пласира во Лигата на шампионите, и тоа се случи.
„Црвените ѓаволи“ одиграа добра сезона. Мегваер не беше заслужен премногу за тоа, имаше бројни катастрофални партии, но договорот што го потпиша едноставно мора да се испочитува.
Така Мегваер доби уште повеќе пари за новата сезона. Неговате плата минатата сезона беше околу 200.000 фунти неделно, а таа бројка се зголеми за непознат процент од 1 јули.