Како што стојат работите, македонскиот голман Столе Димитриевски летово ќе го напушти Рајо Ваљекано.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најавите од Шпанија се дека Рајо бара нов голман и Димитриевски ќе ја промени средината. Последните информации од шпанските медиуми се дека Рајо е сериозно заинтересиран за голманот на Лацио, Луис Максимилијано.
Се очекуваше претходно Рајо да му понуди нов договор на македонскиот чувар на мрежата, но најверојатно се одлучиле на проидажба.
Во претходниот период Димитриевски се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но таа можност пропадна откако Андреј Лунин одлучи да остане во Мадрид.