Дома Трансфер зона Ренато Санчез се сели во Серија А

Ренато Санчез се сели во Серија А

Ренато Санчез минатото лето пристигна во ПСЖ како големо засилување, но не добива голема минутажа во Париз и главно ја грее клупата за резерви.

Португалецот не е задоволен од својот статус во тимот и сака да ја промени средината, а и ПСЖ сака да се ослободи од него.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Најсилен интерес за него покажува Рома, бидејќи Мурињо верува во неговите квалитети и смета дека ќе биде одлично засилување.

„Волчицата“ веќе започнала преговори со неговиот агент Жорге Мендеш и двете страни се блиску до договор, бидејќи Португалецот сака преселба во Серија А.

ПСЖ пак е спремен да го пушти Ренато Санчез на позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…