Дома Трансфер зона Трансферот на Рајс во Арсенал може да се забави

Трансферот на Рајс во Арсенал може да се забави

Долгоочекуваниот трансфер на Деклан Рајс во Арсенал непредвидено може да се забави, иако двата клуба постигнаа начелен договор за вкупната сума.

Договорот е Вест Хем да добие 100 милиони фунти плус дополнителни 5 милиони како бонуси. Меѓутоа, Арсенал сака да ја исплати сумата во рок од 5 години, додека „чеканите“ бараат трансферот да биде исплатен до 2025 година.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Поради тоа двата клуба се уште преговараат, па иако проблемот не е сериозен, сепак трансферот може да се забави.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета бара трансферот да биде комплетиран да почетокот на подготовките за да може Рајс да биде повикан на турнејата во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…