За првпат по полуфиналето на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ го сретна Карлос Алкараз.
Двајцата најдобри тенисери во светот во овој момент се сретнаа пред почетокот на Вимблдон. Присутните ја забележаа нивната средба во теретаната, каде што претходно Ѓоковиќ се дружеше и со Арина Сабленка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што може да се забелжи од фотографиите средбата била срдечна и двајцата изразила задоволство што повторно се гледаат. Медиумите пишуваат и дека разговарале неколку минути.
Алкараз ќе биде прв носител на Вимблдон откако го освои турнирот во Квинс на кој Ѓоковиќ не учествуваше и во овој момент има 80 бодови повеќе од српскиот тенисер. Ждрепката сакаше евентуален судир помеѓу двајцата да гледаме само во финалето, порано не би можеле да се сретнат.
👁️ 💜🌱@DjokerNole 🤗 @carlosalcaraz pic.twitter.com/mFSwDI9elZ
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) June 29, 2023