Златан Ибрахимовиќ по завршувањето на фудбалската кариера си најде ново хоби.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Швеѓанецот откако ги „закачи копачките на клин“, играше падел тенис, го предизвика Ѓоковиќ, а потоа се најде и во октагон. Ибрахимовиќ објави фотографија со Хамза Чимајев, шведски ММА борец и еден од најдобрите во валтер категорија.
Чимајев е 29-годишник роден во Чечен, а носи прекрас „волк“. Настапува за Шведска чиј е трикратен шампион.
„Волкот не настапува во циркус“, објави Ибра споделувајќи фотографија со Чимајев.
Сепак, Златан веќе влезе во петтата деценија од животот, па веројатно за него подобро е со Чимајев да остане само тренинг партнер.