Дома Фудбал Франција Нејмар не крие: Сонува да се врати во поранешниот клуб

Нејмар не крие: Сонува да се врати во поранешниот клуб

Меси замина, на пат за Мадрид е и Мбапе (ТУКА), па неизвесна е и иднината на Нејмар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Нејмар како и Меси влезе во конфликт со навивачите, додуша нешто поблаг, но сепак има тензија. Навивачите сметаат дека не ја оправдува сумата од 40 милиони евра која ја добива годишно. Сезонава Нејмар постигна 18 голови и додаде 17 асистенции, одигра само 29 натпревари.

Вкупно од доаѓањето од Барселона за 222 милиони евра, бразилската ѕвезда одигра 173 натпревари, постигна 118 голови и додаде 77 асистенции.

Се поврзуваше со неколку клубови Нејмар, меѓутоа немаше ништо посериозно. Сега тој откри дека посакува повторно да игра во Бразил.

„Животот на фудбалерите е динамичен. Сонувам за тоа повторно да играм во Бразил за Сантос. Се надевам дека тоа еден ќе се случи. Во фудбалот се е можно“, изјави Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…