Откако вчера се појавија информации дека катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани решил да разговара со Мбапе, сите очекуваа тој да го продолжи договорот.
Сепак, тоа нема да се случи, бидејќи Французинот јасно стави до знаење дека сака да биде играч на Пари Сен Жермен само уште една година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа не му се допадна на емирот на Катар, па реши ни помалку ни повеќе да ја продаде првата ѕвезда на својот тим на Реал Мадрид.
„Мбапе ќе премине во Реал Мадрид. Емирот на Катар и Флорентино Перез се договорија за цена од 200 милиони евра + 50 милиони евра бонуси“, пишуваат француските медиуми.
Да потсетиме, Мбапе одби да потпише нов договор, но јасно кажа дека сака да остане во овој клуб и следната сезона.
„Следната сезона останувам во ПСЖ. Ќе донесам одлука за мојата иднина во 2024 година“, е пораката на Мбапе и додава:
За една година може многу да се случи, особено кога станува збор за клуб како ПСЖ“, беше пораката на Килијан Мбапе во интервју за Telefoot.
Се зборуваше дека Реал Мадрид ќе потроши околу 120 милиони евра за Мбапе, но очигледно Перез не сакал да пропушти таква можност.
🚨💣 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Kylian Mbappé is set to LEAVE PSG! 🇫🇷👋
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 22, 2023
The Frenchman is expected to join Real Madrid. 🇪🇸
The Emir of Qatar and Florentino Perez have reportedly agreed a transfer of €200m + €50m bonus. 🤝👀
(Source: @psgcommunity_ ) pic.twitter.com/WlTJZrQBH6