Дома Останати Херојски потег на трката на Ивановски: Хрват му помогна Словенец кој колабираше – заедно ја минаа целта!

Херојски потег на трката на Ивановски: Хрват му помогна Словенец кој колабираше – заедно ја минаа целта!

Потег за паметење каков беше виден на вчерашната трка на 5.000 метри на Европските игри во Краков каде што настапи и атлетската репрезентација на Македонија.

Трката се одржа точно на пладне во тешки услови за атлетичарите на патеката, а тоа очекувано донесе и послаби времиња кај сите атлетичари. Под своето најдобро време и своите можности истрча и Ивановски кој заврши како 6-ти.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најголем победник на трката е Хрватот Дино Бошњак кој покажа фер-плеј како ретко кој. Во финишот Бошњак забележа дека Вид Ботолин од Словенија тешко се движи откако колабираше поради жешкото време.

Бошњак дојде до Ботолин, му помогна да ја заврши трката и заедно ја минаа целта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…