Германскиот репрезентативец Каи Хаверц наскоро ќе го облече дресот на Арсенал, објави новинарот Фабрицио Романо.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Арсенал испратил понуда од 60 милиони фунти до Челзи, кој бара пет милиони повеќе, но се очекува договор меѓу двете страни до крајот на неделата, односно по репрезентативната пауза.
Хаверц се очекува да потпише петгодишен договор со „топчиите“, откако јасно кажа дека сака да си замине од „Стемфорд бриџ“ и да се пресели на „Емирати“.
Засега не е познато колку пари ќе заработува Германецот во Арсенал, но наскоро се очекува податокот да биде објавен во јавност.