Селекторот на Украина, Сергеј Ребров имаше само пофални зборови за селекцијата на Македонија пред утрешниот меч.
„Македонија ја исфрли Италија во плеј-офот за Светското првенство 2022, ја совлада и Германија на гости. Го сфаќаме натпреварот многу сериозно. Мора да го почитуваме противникот, но и да размислуваме на нашата игра“, истакна Ребров.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
„Македонија веќе многупати покажа дека е многу силна и не можам баш да кажам дека сме фаворити. Прво играме на гости, против силен тим и затоа не се сметаме за фаворити. Ќе мора на теренот да го покажеме тоа. Но, спремни сме. Знам дека Елмас е лидер на Македонија, дека има низа фудбалери кои се добри со топка и ќе мора да внимаваме на нив“, додаде украинскиот селектор.