Ромелу Лукаку ја одби богата понуда од Саудиска Арабија, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лукаку после позајмицата во Интер ќе се врати во Челзи, но јасно е дека за него нема повеќе место на „Стенфорд Бриџ“.
Ал Хилал неодамна имал средба со претставниците на Лукаку и му понудил 50 милиони евра за две години.
Меѓутоа, Белгиецот ја одбил богатата понуда бидејќи негова најголема желба е да остане во Интер.
Раководството на Интер наскоро ќе седне на преговарачка маса со Челзи за да се реши иднината на Лукаку.