Дома Останати Тенис Шок за Кирјос: Изгуби од Кинез, а му сметаше и – бојата на пешкирот!

Шок за Кирјос: Изгуби од Кинез, а му сметаше и – бојата на пешкирот!

По долга пауза Ник Кирјос се врати на терените, но доживеа пораз во само 70 минути на турнирот во Штугарт.

Подобар од Кирјос беше Кинезот Ву кој го победи во два сета со 7:5 и 6:3.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


На Австралијаецот тешко му падна овој пораз, па влезе во расправија со судијата поради бојата на пешкирот. Од некоја причина Кирјос во еден момент побара двата пешкири да му бидат бели.

„Сакам бели пешкири за да играм. Тоа не е мој спонзор, донеси ми те молам бели. На секој турнир си гледаат само за себе (спонзорите), конечно треба да размислат малку и на нас играчите“, му зборувал Кирјос на судијата.

За Кирјос ова беше прв меч по пауза од пет месеци, а очигледно според она што го прикажа на теренот ќе му треба да време да се врати во вистинската форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ за хаосот во Париз: Беше многу опасно, сешто се случуваше!

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е во врвот на светскиот тенис, о…