Спортскиот директор на Јувентус Џовани Мана според последните информации започнал преговори со Челзи во врска со трансферот на српскиот фудбалер Душан Влаховиќ, пренесува „Газета дело Спорт“.
Италијанските медиуми тврдат дека Мана во Лондон разговарал со директорот на Челзи кои се заинтересирани за српскиот напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Мана соопштил дека Јувентус е спремен да го слушне понудите за Влаховиќ.
„Јувентус и Челзи започнаа преговори во врска со трансферот на Влаховиќ. Меѓутоа зделката не е блиску до реализиација, бидејќи Челзи го нуди Ромелу Лукаку и Лофутс Чик. Челзи сака со тој тандем да ја намали цената, но Јувентус инсистира дека Влаховиќ може да замине само за парична оштета“, пишува „Газета“.
За репрезентативецот на Србија претходно интерес покажуваше Баерн кој сака да го засили нападот.
Влаховиќ во Јувентус пристигна на почетокот на 2022 година од Фиорентина, а оваа сезона за Јувентус одигра 42 натпревари и постигна 14 голови.
🚨💭 #Chelsea, internal evaluations on Dusan #Vlahovic.
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) June 13, 2023
⏳ The 🏴 club could decide to make a concrete move for the 🇷🇸 striker soon, opening talks with #Juventus.
📌 As told, Pochettino considers him the ideal forward for his tactical idea. 🐓⚽️ #Transfers #CFC pic.twitter.com/2BKY90MwcS