Дома Видео Српски навивачи направија шоу во Мајами во поради Јокиќ 🎥

Српски навивачи направија шоу во Мајами во поради Јокиќ 🎥

Кошаркарите на Денвер направија „брејк“ во Мајами и со победата од 109:94 поведоа во големото финале од НБА лигата.

Најзаслужен за триумфот од Коларода беше Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции. Српскиот центар одигра историски натпревар запишувајќи нов трипл-дабл.

Никогаш во историјата на плеј-офот во НБА не се случило еден кошаркар да има најмалку 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции. Трипл-дабл додаде и Џамал Мареј со 34 поени, 10 скока и 10 асистенции.

По натпреварот беше забележана и интересна сцена на српски навивачи пред арената.

„Чив коњ јаваш Николаааа?!“, се пееше пред арената во Флорида.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…