Дома Топ вести Челзи и Интер спремаат голема трампа

Челзи и Интер спремаат голема трампа

Челзи не се откажува од намерата да го доведе голманот на Интер, Андре Онана, пренесува „Калчомеркато“.

„Сините“ веќе подолго време ги следат настапите на Онана и сакаат ова лето да го доведат на „Стефорд Бриџ“.

Интер минатото лето го доведе Онана како слободен агент, а сега за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Лондоскиот клуб му нуди трампа на Интер и е спремен во Милано да го испрати Калиду Кулибали, кој е голема желба на „нероаѕурите“.

Притоа, Челзи е спремен да го остави и Ромелу Лукаку уште една година на позајмица во Интер, само да го добие потписот на Онана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…